Мрзеливоста е еден од седумте смртни гревови, но ние сме сосема сигурни дека тоа не се однесува на вашата навика кога станува збор за убавина. Понекогаш вашето лице може да биде совршено без многу напор.
Оставете косата природно да се исуши
За совршено стилизирана, сјајна коса, сушењето со фен е од суштинско значење. Но, ако се одлучите за малку порелаксиран, да не речам бушав ефект, може да го постигнете ако оставите косата да се исуши природно после миењето. Секако, за да не ви изгледа неуредно косата, нанесете малку лесен крем што дополнително ќе ја смири и ќе и даде форма, текстура и совршен изглед за кои воопшто не сте се мачеле.
Спиење со шминка на лицето
Ова не би го препорачал вашиот дерматолог, ниту ние. Но, ако го правите ова редовно за да заштедите време, научете да го извлечете максимумот од оваа нездрава навика. Избришете ја вишокот размачкана шминка со стапче за уши натопено во средство за отстранување шминка, и не заборавајте да ја отстраните и под очите, бидејќи темните кругови и размачканата шминка ќе направат да изгледате уште позаморено отколку што сте.
Прескокнете ја пудрата
Секако, во ред е да сакате да ги покриете сите несовршености на вашата кожа со течна пудра. Но, ако ја прескокнете пудрата и едноставно ставите неколку капки коректор над прајмерот, не само што ќе заштедите време, туку ќе му дадете свеж и природен изглед на лицето.
Потемен кармин на усните
Кога ќе се разбудите доцна и немате многу време да се подготвите, ве советуваме да ставите малку коректор на лицето, и неколку слоеви темен кармин на усните и подготвени сте да одите. Има нешто во тоа што ги оставате очите неутрални и свежи и привлекувате внимание кон вашите усни – се чини како да не сте се потрудиле, а сепак сте храбри и верувате во себе и во вашиот став, а потребен ви е само добар кармин за да го искажете.
Неналакирани нокти
Ако немате време (или трпеливост) да правите маникир секоја недела и да се грижите дали ќе го намачкате здолништето или масата со лак, одлучете се за необоени нокти. Не мислиме на изгризани и неуредни нокти, туку на оние што и покрај тоа што не се намачкани со боја, испуштаат некоја ноншалантна елеганција.
Заборавете на маскарата
Не можете ни да замислите да ја напуштите куќата без два или три слоја маскара на трепките, но и без неа, можете да изгледате убаво. Одлучете се за природен и порелаксиран стил и ќе изгледате помладо и ненаметливо, и подеднакво уредно, дури и ако немате дебел слој маскара на очите.
Не ставајте моливче за усни
Да се стави моливче за усни, за да се задржи пункцијата на место, потребна е вешта рака и практикувана техника, и тоа не е воопшто лесно да се постигне. Понекогаш е во ред да нанесете кармин директно на усните, а малку отстранувач на шминка на стапче за уши може да ги отстрани сите несовршености, и да ви заштеди многу време ако брзате.