Дестинации

Неодоливо фотогеничен кафе бар во Будимпешта што ќе ве освои на прв поглед

Ако сакате цвеќиња и добро кафе, ова е местото за вас.

Сопствениците на кафулињата веќе долго време знаат дека не е доволно да се отвори кафуле и да се служи само кафе.

Бидејќи на социјалните мрежи се документира секој можен момент, се јави потребата вниманието да биде насочено кон дизајнот на ентериерите, а тие станаа покреативни и фотогенични. Токму ваквите простори добиваат најголемо внимание во медиумите, никој не може да одолее на барем една фотографија, што значи – бесплатно рекламирање.

Едно такво место најдовме во Будимпешта, а тоа е кафуле наречено Ариосо. Ариосо е, всушност, совршено место за сите оние кои сакаат романтични ентериери, многу розови и миризливи сезонски цвеќиња кои го украсуваат секој агол (па дури и таванот!).

Во волшебното кафуле Ариосо, сместено во скриениот и тивок двор на унгарската престолнина, можете да уживате да јадете разнобојни макаронси, сладолед и колачи или да пиете кафе и лимонада.

Ариосо беше отворен во 2002 година од страна на Katja Schläfli и Martin Aeschlimann, а она за што наскоро стана познато беа елегантните цветни украси.

Катја и Мартин ја комбинираа сета своја љубов во едно и им понудија на љубителите на цвеќе шармантна комбинација на кафе, цвеќарница и продавница за дизајн на ентериер.

Доколку сте љубител на дизајнот на ентериер, и онаа романтична и женска естетика, тогаш Ариосо е место кое не треба да го промашите на следното патување во Будимпешта.

Нивните специјализирани продавници можете да ги најдете на 3 места во Будимпешта: на улицата Király, MOM паркот i Kempinski Hotel Corvinus Budapest, но сепак ви препорачуваме да седнете во дворот на кафулето Ариосо на улицата Кирали и да уживате во мирисот на цвеќето, мир, тишина и неколку макаронси.

Напиши коментар