Убавина

Нокти како велигденски јајца: 10 лакови во впечатливи и живописни нијанси

Иако оваа година празниците ќе бидат поинакви од кога било досега, фактот дека не смееме премногу да се дружиме со најблиските и да останеме на отворено не значи дека треба да се откажеме од омилените активности.

Всушност, украсете го вашиот дом и оваа година, згответе убав ручек, направете и некој колач и дадете сѐ од себе за да го направите Велигден ден што ќе ве исполни вас и вашите најблиски со резерви на позитивна енергија.

Тука се и велигденските јајца, неопходен дел од Велигден.

Шарените велигденски јајца ги мамат насмевките на сите лица и веднаш го подобруваат расположението, такашто нема причина да не бидат повторно на вашата маса и оваа година.

А токму шарените велигденски јајца нè инспирираа да погледнеме во понудата на лакови за нокти во живописни и впечатливи бои.

Употребете ја следната недела за да го подготвите вашиот дом за Велигден, а покрај велигденските јајца, можете да ги обоите ноктите во една од овие впечатливи бои.

Голем тренд во светот на маникирот се ноктите налакирани во различни нијанси, затоа еве идеална можност да го испробате ако не сте ги пробале веќе.

Крајниот резултат ќе бидат нокти како велигденски јајца кои ќе ви донесат насмевка на лицето.

Сега ѕирнете во нашата галерија и одберете си нијанса (или нијанси) за себе.

Напиши коментар