Добро е познато колку е важно спиењето за целокупната благосостојба на организмот.
За време на спиењето, нашето тело лекува и се обновува. И тоа е сосема доволен аргумент ако зборуваме за тоа колку е важно спиењето за општо здрав организам.
Додека спиеме, телото ги врзува потребните минерали и ги надополнува клетките и органите – што гарантира дека ќе имаме доволно енергија за сите предизвици што нè чекаат во текот на денот.
Иако е познато 8 часовното правило за спиење, неодамнешните истражувања покажаа дека можеби тоа не е доволно за жените.
Спиењето е подеднакво важно и за мажите и за жените, меѓутоа, поради поголема активност на мозокот, на жените им треба повеќе од 8 часа спиење.
Ова истражување потврдува дека „сонот за убавина“ не е мит, туку реална потреба за жените.
Доволно сон во текот на ноќта ќе го опорави комплетниот организам кај една жена, но тој исто така ќе влијае на изгледот и квалитетот на кожата.