Професионалните уметници за шминкање во Азија измислија нов метод за примена на шминка, за кој е загарантирано дека ќе создаде беспрекорна мат кожа без недостатоци.
Подгответе се:
Методот е многу необичен и навистина функционира. Сите ние знаеме да ја чистиме кожата со обична вода, а во овој случај ни треба вода за да примениме шминка.
Подгответе ја кожата прво: нанесете прајмер, а доколку е потребно и коректор. Кога ќе бидете задоволни со квалитетот, засенчувањето и го направите тонот на кожата како обично, не брзајте да се префрлите на веѓите и шминката за очи: време е за специфичен метод.
Одделете детска пудра во прав во делот на дланката. Да, слушнавте како што треба: обична пудра за бебиња.
Ставете го лицето во ваши дланки и со нежни движења, едвај допирајќи ја кожата, раширете ја пудрата по целото лице. Нека легне во густ слој, а на некои места, ќе паѓа. Не грижете се, така треба да биде.
Сега следи најважното нешто. Истурете ладна вода во сад и ставете го лицето во него 30 секунди. Не, не се шегуваме. Кога ќе го извадите, ставете крпа на градите за капките да не паднат на облеката, но во никој случај не го бришете лицето: оставете да се исуши само.
Чудното, дури и шокантно, потопување на лицето во вода е всушност наменето за фиксирање на тонот, со што до вечер ќе бидете сигурни дека ништо нема да се замачка, дека нема да претече, да се појави маснотија во Т-зоната и дека површината на лицето ќе биде беспрекорна и мазна.
Откако кожата ќе се исуши, можете да продолжите со дополнителна шминка. Нанесете руменило, сенки за очи, поправете ги веѓите и нанесете маскара.
Единствено предупредување: количината на прав што ќе ја користите зависи од вашиот тип на кожа: ви треба повеќе за мрсна и помалку за сува.
Совет: Доколку се чувствувате непријатно да го потопите лицето во вода, можете да ја замените оваа постапка со обилно напрскување на кожата на лицето од шише со прскалка.
Пробајте , видете го сами ефектот од овој метод и ви ветуваме дека наскоро ќе ви стане навика без којашто не можете.