Cafe Del Mar

Нуркање – подводна медитација

За родените истражувачи, но и за оние кои бараат поинаков начин на живеење во моментот и релаксирање од стресот, нуркањето со боца со кислород ќе ги задоволи нивните потреби …

Сепак, за оваа активност е неопходно да се добие „карта“ за влез во сините длабочини. Сертификат за завршување на пробен курс за нуркање.

Првите чекори, односно вдишувањата со помош на регулатори и боца со компримиран воздух, можат да се пробаат по само три или четири часа теоретска настава, на длабочина до пет метри. Чувството на непречено дишење ги тера многумина на следниот чекор, што овозможува нуркање на длабочина до 18 метри.

Уживањето во царството на тишината и природните убавини на подводниот свет исполнет со убави суштества, со право се претстави како активност поблиску до јогата отколку екстремните спортови.

Всушност, и нуркањето и јогата нè учат вештини што се комплементарни, што нè прават подобри.

Контрола на дишењето, релаксација и постигнување внатрешно смирување се само некои од нив. Затоа, нуркањето и јогата даваат слични придобивки: тие го смируваат дишењето и отчукувањата на срцето со смирување на целото тело и ни овозможуваат да доживееме длабока состојба на релаксација и mindfulness.

Напиши коментар