Сакате да бидете фит, но сето тоа потење и вежбање…не е забавно, зар не?
Вежбајте три минути
Вежбајте три минути – скокајте на јаже, трчајте во место, трчајте низ куќа, зграда или нагоре по скали. Забрзајте го ритамот на срцето за 30 секунди четири до шест пати по ред за три минути. Направете го ова неколку пати на ден и ќе добиете одличен кардио.
Следете го бројот на чекори
Вашата цел е 10.000 чекори на ден, и сè се брои, одењето во кујна, до тоалети и принтери. Користете ги скалите наместо лифтот, пешачете секаде каде што е можно и не заборавајте – сè се брои.
Најдете пријател
Не е важно дали е човек или куче. Ако имате пријател за прошетка, тоа ќе ве мотивира да излезете надвор. Фокусирајте се на одење, а не на зборување.
Направете распоред
Ако си направите распоред, нема да заборавите да вежбате. Ако ја мразите мислата да вежбате пред работа, нема да го сторите тоа, па одберете време кога сакате. Ако не сте ги направиле 10,000 чекори, направете уште неколку круга во соседството пред да пристигнете дома.
Јадете здраво
Отфрлете бело брашно, шеќер и преработена храна. Исто така, најважно е да престанете да јадете брза храна и пијалоци со шеќер. Овој вид храна нема да ви помогне да останете здрави и витки, и далеку е од здрав начин на живот. Ќе се чувствувате подобро, поздраво и ќе изгубите тежина. Ќе имате и повеќе енергија.
Поставете цел
Бидете реални во врска со поставувањето на целите. Нема да изгубите 10 килограми за еден месец. Бидете реални и наградете се, но не и со храна. Вие самите знаете и затоа најдобро знаете што можете да направите.