Министерството за правда, кое е одговорно за регистрација на бракови, формирало веб-страница на која сите верени парови можат да ги испраќаат своите документи за брак.
Обединетите Арапски Емирати започнаа онлајн услуга за склопување на брак за сите парови кои сакаат да стапат во брак и покрај пандемијата на корона вирусот.
Министерството за правда, кое е одговорно за регистрација на бракови во таа земја со мнозинство муслиманско население, формираше веб-страница на која сите верени парови можат да ги достават потребните документи за евиденција на бракот.
Како дел од новата услуга, идните сопружници се поканети да изберат оџа од официјално одобрениот список.
По одобрувањето на документите, се одредува датумот на виртуелната церемонија преку видео-врска, за време на која од двојката се бара дигитален потпис, а потоа издава дигитален документ за брак.
Следува испраќање на договорот за брак преку е-маил до верскиот суд на разгледување, а потоа одобрените копии од договорот се испраќаат на ист начин до брачната двојка.
„Целта на услугата за дигитален брак е да го заштити здравјето на луѓето и да го олесни пристапот до правните процедури во согласност со тековните околности“, пренесува ВАМ, официјалната новинска агенција на Обединетите Арапски Емирати.
Досега, во таа земја се пријавени 4123 случаи на инфекција со корона вирусот и 22 смртни случаи. Пандемијата ја принуди оваа земја да понуди бројни јавни услуги преку Интернет.
Во нормални околности, бракот на муслиманските верници го спроведува лице назначено од владата.
Вообичаено церемонијата се одржува со голем број гости во сала за венчавки или во домот на невестата.