Sweet Home

Oбојте дел од ѕидот со боја што дава изглед на училишна табла

Кога станува збор за многу мали деца, обојте дел од ѕидот во висина на детето.

Организирајте ја просторијата така што секој агол ќе има своја цел. Децата сакаат да цртаат и сакаат да го покажат тоа што го нацртале – нека го направат тоа.

Оставете еден ѕид без полици и мебел, за да можете врз него да ги нанижете детските дела. Друга опција е да се изложат детски дела на даската на прозорецот, на ѕидот над креветот и слично.

Децата ќе бидат среќни да закачат слики од своите херои, приказна што им се допаѓа и слично, па – земете што е можно повеќе магнетни плочи, панели или канапчиња на кои можете да ги прицврстите делата со штипки.

Обојте дел од ѕидот со боја што дава изглед на училишна табла, на која лесно може да се пишува и брише.

Овозможете му на детето да седне на бирото дури и пред да ги среди играчките, бидејќи можеби ќе продолжи да си игра по домашните задачи.

Или да чита малку на креветот додека книгата и тетратката го чекаат на масата.

Добро е да имате доволно простор на масата за книги и компјутер за да не пречат едни на други. Ако имате простор, користете паравани или дрвени панели што можат да го одделат просторот.

Ако не, погледот на ридот на расфрлани играчки понекогаш може само да се стави во ќош и да се затвори со завеси.

Но, научете го вашето дете дека бирото треба да е уредно, така што без многу подготовка да може да седне и да пишува домашни задачи и дека креветот секогаш треба да е уреден, без играчки, за детето да може да легне ако сака да одмори.

Напиши коментар