Њујоршката дизајнерка на ентериер, Кели Бехун, ја прошири својата волшебна визија со создавање фантастична нова колекција на теписи…
Нејзините нови украсни дела се инспирирани од Менхетен, а таа ги создаде за брендот The Rug Company. Претставена во нејзиниот стан, колекцијата на теписи Cityscapes е дизајнирана како почит кон нејзиниот сакан град благодарение на геометриските форми и боите што може да ги види од нејзината тераса.
Од розови и богати сини тонови кои доминираат на небото за време на зајдисонцето, па сè до геометриските отпечатоци на познати згради, колекцијата од три дела дава смела и во исто време релаксирачка стилска изјава, која лесно ќе го преобрази секој простор.
Дел од оваа колекција се моделите Eclipse, Domus Grey и Domus Blush, кои можат да се купат преку официјалната веб-страница на марката.