Sweet Home

Оставете нè тука! Двор каде љубителите на цвеќе би се чувствувале како во рајот

Дворот на куќа во Холандија каде љубителите на цвеќе би се чувствувале како во рајот.

Би било убаво сега да се прошетате низ овој двор полн со убави цвеќиња и да се напиете кафе во тој амбиент како од бајка.

Ова идилично место се наоѓа во Холандија, каде растат најубавите бујни лалиња, а во овој двор се особено волшебни. Тие убаво се вклопуваат со други видови цвеќиња и растенија кои опкружуваат симпатична дрвена куќа со шармантни сини капаци на прозорците.

Сè заедно прави совршено хармонична слика, место каде што секој љубител на цвеќе и дрвени куќи би се чувствувал како во рајот.

Ако некогаш добиеме шанса да одиме на ова прекрасно место, можеме само да кажеме – оставете нè тука!

Напиши коментар