Sweet Home

Осум маси за кафе што ќе ги собере дури и на најмалиот балкон

Пиењето кафе на балконот е едно од посебните задоволства кога е убаво времето.

Овој ритуал ќе биде уште поубав ако сте создале пријатно катче на балконот.

Дури и ако имате исклучително мал простор, можете да го декорирате со мала маса, стол и други мали нешта.

Малите простори сакаат „паметен“ мебел што заштедува скапоцени сантиметри.

Различни модели од дрво, стакло, метал и пластика се достапни насекаде, а моделите на склопување што можете да ги поставите каде и да посакате и да ги ставите настрана кога не се во употреба ќе ви бидат од голема помош.

Ќе заштедите дополнителен простор со избирање на аголни маси што се монтираат по должината на работ на балконот, чија површина може да се спушти по потреба, со што ќе се намали зафатнината на просторот.

Ѕирнавме во некои веб-продавници за продажба на мебел за градина и дома и пронајдовме осум симпатични маси за утринско кафе што би одговарале на најмалиот балкон.

Напиши коментар