Денот на планетата земја се слави на 22 април во повеќе од 150 земји низ целиот свет, вклучително и кај нас.
Важноста на заштитата на природните ресурси се истакнува тој ден и се обидуваме да го свртиме вниманието кон планетата Земја на која и се заканува опасност поради порастот на глобалното затоплување.
Денот на планетата земја исто така ја означува зелената боја на природата која симболизира раст, хармонија, свежина и плодност.
Зелената има лековита моќ и исто така симболизира стабилност и издржливост.
Позната е како најмирољубива боја за човечкото око, дури може да го подобри видот, а исто така има и смирувачки ефект врз луѓето.
Воедно укажува на безбедност поради што се користи како боја за слободен премин во сообраќајот.
Зелената е директно поврзана со природата и се користи за означување на еко-производи, а маслиновата нијанса е традиционална боја на мирот.
Зелената е одличен избор за комбинации на облека, па зошто да не ја додадете на чевлите?
Откривме високи потпетици во зелена боја што ќе ја подобрат секоја комбинација и ќе бидете среќни што ќе ги носите наместо класичните модели во неутрални нијанси.
Погледнете ги избраните модели во галеријата.