Веќе добро е познато дека алкохолниот оцет може да биде замена за омекнувачот за алишта, но неговата примена при перење на облеката е многу поширока. За разлика од обичниот прашок за перење и омекнувач, алкохолниот оцет е природно средство за чистење, но и многу поевтино.
Еве 8 причини зошто алкохолниот оцет треба да ви биде главен сојузник при перење на облеката и долната облека:
1. Истурете половина шолја алкохолен оцет врз алиштата пред да ги ставите во машина за перење. Оцетот ќе ја заштити бојата на алиштата, ќе го зголеми ефектот на прашокот и ќе спречи да остане прашок на алиштата по перењето.
2. Користете алкохолен оцет наместо омекнувач за алишта. Ставете го во делот за омекнувач и оцетот ќе ја заврши работата на омекнувачот уште подобро бидејќи алиштата ќе бидат уште помеки.
3. Киселината во алкохолниот оцет успешно ќе ги остстрани дамките од дезодоранс и трагите од пот од белата облека.
4. Алкохолниот оцет ги неутрализира непријатните миризби на облеката што значи дека без проблем ќе ја отстрани и миризбата на дим од неа.
5. Навистина е тешко да се отстранат животинските влакна од некој тип на ткаенини, но тука помага оцетот. Едноставно додадете оцет во машината за перење и влакната ќе исчезнат.
6. Доколку користите оцет при перење на алиштата, така ќе го спречите статичкиот електрицитет кај облеката.
7. На гардеробата која ја перете на раце додадете и 6 лажици алкохолен оцет и оставете да се натопи половина час. На овој начин можете да перете и долна облека и костими за капење.
8. Со алкохолен оцет можете да ја исчистите и самата машина за перење. Оцетот ќе ги отстрани сите нечистотии како и траги од каменец и мувла.
