За престојот дома и одењето до продавница добро ќе ви дојде удобниот памучен фустан.
Деновиве носиме повеќе тренерки, широки маици и домашни фустани од кога било.
За оние денови кога сакате малку да го промените вашиот домашен стајлинг, предлагаме да носите памучни фустани кои може да ги носите кога одите во продавница или на кратка прошетка.
Некои од моделите што ги извлековме од онлајн продавниците можат да се носат и како маици, со хеланки, фармерки или тренерки и како мини фустани.
Тие се практични и удобни за носење бидејќи се изработени од памук.