Здраво тело

ОСВЕН МАСКИ И РАКАВИЦИ, МОРА ОВА ДА ГО НОСИТЕ, А ТОА СИТЕ ГО ЗАБОРАВИЈА: Еден предмет кој може да ви го спаси животот!

Носењето маски за време на пандемијата од вирусот корона е од клучно значење не само за оние кои се здрави, туку и за оние кои дури и не знаат дека се болни.

Поточно, во видеото подолу, најдобро можеме да видиме што се случува кога заразено лице не носи маска.

Иако од СЗО предупредуваат дека платнените маски даваат најмалазаштита од вирусот, тие сепак се ефикасни во спречувањето на ширење на бактериите.

Меѓутоа, ако сте здрави и сакате да се заштитите, тогаш СЗО потенцира дека најефикасни се респираторните маски N95 кои спречуваат 95% од штетните честички да влезат во дишните патишта.

Сепак, деновиве премногу се фокусиравме на маските, занемарувајќи ја важноста на уште еден важен дел од телото преку кој вирусот корона може да влезе во телото.

Ова се очите, па така, покрај маските, се зголемува и побарувачката на очила што се користат во болниците и во градежништвото.

Очилата се повеќе од достапни во нашите продавници.

Меѓутоа, ако не сте ги купиле овие очила кои целосно лежат на вашето лице, делумно ќе ви помогнат и обични очила.

Затоа, кога одите во продавница, не заборавајте да ги ставите очилата покрај маската, со што ќе го намалите ризикот од пренесување на корона вирусот.

Кога ќе дојдете од надвор, добро измијте ги очилата со сапун и вода за да бидат безбедни за домашна употреба …

Напиши коментар