Убавина

Осветлете ја косата со лимон

Плашејќи се да не ја оштетат косата со хемиски агенси и неправилно ракување, жените имаат тенденција да најдат спас деновиве во природни методи.

Ако се борите со жолтиот сјај или сакате само да ја осветлите косата, можеби е време да го пробате трикот со сок од лимон.

Миењето на косата со сок од лимон е најпознатиот природен начин за осветлување на косата, а доколку одлучите да го пробате, ќе ви треба свеж лимон, шише со спреј и цедалка (или газа).

Прилагодете ја количината на лимон според должината на вашата коса односно ако е подолга, користете два до три лимони за овој процес.

Исцадете го лимонот во садот и измешајте го добиениот исцаден сок со половина чаша топла вода.

Притоа, обидете се да го одржувате односот на состојките рамномерно и да не дозволувате повеќе сок од лимон од вода во растворот.

Откако добро ќе го промешате растворот, истурете го преку цедалка во шишето со спреј за да може да се распрсне рамномерно по целата должина на косата.

Изложеноста на сонце е клучна со овој метод, затоа излезете надвор за да може косата лесно да се исуши. Се препорачува да поминете еден до два часа на сонце, и секако запомнете да нанесете соодветен крем со заштитен фактор.

Со оглед на ситуацијата и тековната пандемија, запомнете да ги следите правилата и мерките на претпазливост што се преземени во врска со вашиот престој на јавни места.

Затоа, покрај кратката прошетка, поминувањето време на балкон или тераса со добра книга или чаша вино е одлично решение за проба на оваа техника.

Ова време нека ви биде посветено само на вас!

Кога косата е целосно сува, треба да ја исплакнете со вода. Но, постои уште еден мал трик што може да го подобри крајниот резултат – користете чај од камилица наместо вода.

Поточно, цвеќињата од камилица содржат апигенин, флавоноидна жолта боја што дополнително ја осветлува косата. Сепак, бидете внимателни во примената на оваа техника!

Лимонот може да биде корисен за косата, но доколку се користи премногу често може да ја исуши и да ја оштети.

Затоа, обидете се да го користите овој метод еднаш неделно, и не заборавајте да ја нахраните косата со маска при следното миење за да изгледа здраво и светло.

Напиши коментар