Студија спроведена во Кина донесе нови сознанија за преносот на вирусот корона …
Студија во Кина открила дека вирусот корона може да се задржи во изметот на заразените лица и затоа е многу важно да се спушти капакот од тоалетот пред да се повлече водата во казанчето.
Одамна се зборува дека капакот треба да се спушти при пуштање на вода, за вирусите и бактериите од WC шољата да не се распрскаат низ целата бања, а сега ова е уште поважно, со оглед на високиот процент на зараза од Ковид-19.
Со оглед на тоа дека дијареата може да биде еден од почетните симптоми на вирусот корона, дефинитивно вреди да се преземе овој чекор за сите кои што ја користат бањата да бидат безбедни.
Како и повеќето респираторни заболувања, вирусот корона се шири со ситни капки кои содржат вирус.
Овие ситни честички влегуваат во воздухот кога заразеното лице кашла или кива, но и кога зборува.