Некои родители ќе ги зачуваат млечните заби што им испаднале на нивните деца, а иако поединци сметаат дека тоа е малку чудно, Brightside најде голем број на причини зошто тоа е всушност корисно.
Поточно, велат дека научниците препорачуваат дека родителите да ги зачуваат млечните заби на своите деца затоа што ќе можат да извлечат матични клетки од нив кои веќе денес спасуваат животи.
Што се матични клетки и како да ги зачувате
Секој организам е составен од ситни честички наречени клетки. Нашето тело е составено од нив исто како што куќата е направена од тули. Ние ги делиме клетките во три групи и секоја од нив има различна функција.
Матичните клетки се основа од која подоцна се развиваат овие три типа на клетки. Крвните клетки растат и се развиваат во коскената срцевина, сунѓересто и меко коскено ткиво.
Матичните клетки можат да се земат од забот, како и од другите делови на коската. Сепак, за овие матични клетки да бидат корисни, тие мора да се чуваат соодветно.
Експертите користат неколку различни технологии за зачувување и последователно производство на матични клетки.
Како тие помагаат
Матичните клетки можат да создадат секаков вид клетка во телото. Така, тие можат да ги заменат оние што се оштетени.
Истражувањата покажуваат дека матичните клетки дури можат да помогнат во борбата против ракот.
Во тек се бројни студии за да се испита потенцијалот на матични клетки и нивната улога во третманот на болестите.
Такашто можете да ги понудите забите на вашите малечки за разни научни проекти, можеби дури и за идните проекти на вашето дете.
Секој генијалец треба да започне некаде. На пример, можете заедно да го испитате ефектот на шеќерот и газирани пијалоци на заб што испаднал.
Ако не ви се допаѓа идејата, можете да го фрлите забот или да го закопате во градината.