Ако почетокот на новата декада ве инспирира да го промените изгледот, но не сте љубител на драстични промени, овој тренд на убавина може да ве воодушеви.
Според Гламур, Кариса Шауд, фризер во добро познат салон во Чикаго, дизајнира нова, пристојна техника, која ја нарече „twixlighting“. Тоа е мешавина од balayage и baby lights прамени, што резултира со природни златни нијанси на кафена коса.
Според Кариса, овие прамени се многу лесни за одржување затоа што се вклопуваат во природната боја на косата и никогаш не се прават премногу со цел да се избегне оштетувањето на природниот изглед на косата.