Според техниката на украсување фенг шуи – лавандата е добредојдена во секој агол од вашиот дом.
Фенг Шуи експертите тврдат дека лавандата е многу лековито растение кое носи со себе позитивна енергија и смиреност, па затоа е голем и важен дел од оваа филозофија на уредување.
Најубавиот и најлесен начин да внесете лаванда во домот е да ја засадите во мали украсни саксии и да ја поставите во простории како што се кујната, спалната и бањата, бидејќи тоа ќе придонесе за свежина на просторот, но можете да ги ставите и во дневната и детската соба, што носи добра енергија и позитивно влијае врз расположението.
Покрај засадената лаванда, можете да користите и суви букети од лаванда, кои можете да ги чувате во украсни вазни, бидејќи правилото на филозофијата на фенг шуи, дека сушено цвеќе претставува безживотност и носи негативна енергија, не важи за лаванда.
Друг начин на кој можете да ја користите лаванда е да пополните мали памучни или свилени вреќички со сушена лаванда, да ги затворите и да ги ставите во шкафовите и фиоките, да ги одржува работите свежи, но и да спречите појава на молци – што би значело двојна корист од ова прекрасно растение.
Може да чувате вреќички од лаванда веднаш до креветот, а исто така можете да капнете неколку капки есенцијално масло од лаванда во нив, затоа што се верува дека ова растение ќе ве натера да заспиете полесно и побрзо.