Cafe Del Mar

Овa се најздравите начини со кои можете да ги регулирате килограмите по четириесетата

Како што старееме, метаболизмот забавува, а хормоните играат според новите правила, така што методите што ги користевме порано за да бидеме во форма се застарени.

Изградете мускули

„Една од причините поради кои е тешко да се изгуби на тежина во 40-тите години е што се губи мускулната маса. Градењето на мускулите ќе го засили метаболизмот и ќе согори повеќе калории “, објаснува докторката Кери Петерсон за Women’s Health.

Помалку мускули значат побавен метаболизам и зголемување на телесната тежина.

„Најефективниот начин за губење на тежината по четириесетгодишна возраст е да се изградат мускули преку тренинг со тегови, но не заборавајте на квалитетниот сон, кој исто така игра важна улога“, додава Петерсон.

Прилагодете ја исхраната на хормоните

Не е тајна дека во четириесеттите години, хормоналните промени почнуваат да се појавуваат, а кај некои жени дури и порано.

Времето на перименопауза има свои закони и треба да се почитуваат за да може организмот да функционира што е можно подобро.

Храна богата со фитоестрогени како што се ленено семе, семе од сусам, суво овошје и соја треба да бидат вклучени во исхраната.

Фитоестрогенот е растителен естроген кој ќе ги олесни хормоналните промени и ќе спречи забаввање на метаболизмот и зголемување на телесната тежина.

Зголемете го внесот на зеленчук

Зеленчукот има многу малку калории, но тие се нутритивни и се препорачува да се јаде колку што е можно повеќе.

Покрај тоа, богат е со растителни влакна кои ќе не држат сити долго време.

Најдобро е да се консумира суров, обарен или печен во рерната. Избегнувајте зеленчук пржен во масло или похуван.

Неутрализирајте го стресот

Жените се изложени на стрес во сите фази од животот.

Грижата за семејството е еден од поголемите извори на стрес, што е сосема природно.

Кога е под стрес, телото лачи покачено ниво на кортизол, а овој хормон влијае на организмот така што чува маснотии наместо да ги гори.

За да се спротивставите на ефектите од стресот, вежбајте вежби за дишење, особено пред одмор.

Исто така, јадете храна богата со витамин Ц и омега-3 масни киселини за кои се покажало дека ги ублажуваат ефектите од стресот врз организмот.

Грижете се за вашата тироидна жлезда

Хипотироидизам е состојба во која тироидната жлезда лачи премалку хормон, што може или не може да резултира во зголемување на телесната тежина.

Хипотироидизам е честа појава кај жените во средни години, па ако се сомневате дека тироидната жлезда не работи добро, одете на преглед.

Останатите симптоми на хипотироидизам се хроничен замор, сува кожа и коса и кршливи нокти.

Напиши коментар