Мода

ОВОЈ МОДЕН ДОДАТОК НЕМОЈТЕ НИКАКО ДА ГО НОСИТЕ ДОДЕКА ТРАЕ ПАНДЕМИЈАТА: Собира бактерии!

Студијата објавена во 2018 година, спроведена на Универзитетот во Џорџија, откри дека кога здравствените работници носеле прстени на своите работни места, деловите каде што прстените ја допирале кожата претставувале „заштитено подрачје каде што бактериите можат да се размножуваат“.

Исто така, студијата открила дека луѓето кои не носеле прстени имаат подобар ефект при миење на рацете со повеќе уништени бактерии од оние кои носеле прстени.

Дезинфекцијата на рацете со средства за дезинфекција е исто така помалку ефикасна ако прстените се носат.

Една студија од 2003 година открила дека медицинските сестри кои носеле прстени и употребувале средства за дезинфекција на рацете, користеле марамчиња за дезинфекција или ги миеле рацете со антибактериски сапун, потоа имале повеќе бактерии на рацете од оние кои не носеле прстени и ги изведувале исти хигиенски практики, вели Инсајдер.

Прстенот што се отстранува од прстите, пред да се врати назад, исто така мора да се измие.

„Ако прстенот е контаминиран и го вративте на прстот откако ги измивте рацете, повторно сте ги контаминирале рацете“, рече Луси Вилсон, професор во одделот за итни случаи на Универзитетот во Мериленд, за Хаф.Пост.

Ако не можете да се одвоите од прстенот, историчарката на накит, Елизабет Дојл ве советува да ги измиете прстените со топла вода и сапун, за да ги дезинфицирате без страв од оштетување, што би можело да се случи при употреба на средства за дезинфекција на рацете.

Напиши коментар