Состојки:
• неколку лисја спанаќ (или блитва)
• 1 јајце
• малку сол
• малку бибер
• половина чаша брашно
• вода по потреба
• масло за пржење
Ставете ги листовите од спанаќот 2 минути во врела вода.
Потоа, смелете ги во блендер со малку вода во која се вареле.
Додадете малку сол, бибер, јајце, брашно и вода колку што е потребно за да добиете густа смеса како јогурт. Загрејте го маслото во тава и истурајте од смесата во врело масло.
Превртете ја палачинката кога ќе се запече од едната страна.
Извадете ја на хартиена крпа за да се исцеди од маслото.
Ако сакате помеки ролни, пржете ги малку подолго на тивок оган, а ако сакате крцкави, пржете ги на појак оган, пократко време.