Подгответе печени крилца и млади компири за денешниот ручек.
Состојки:
• 1 кг млади компири
• 1 кг крилца
• сол по желба
• 2 лажици маст
• 5 лажици масло
Подготовка:
Измијте ги компирите, излупете ги и пресечете ги на половина, или оставете ги цели ако се мали, па ставете ги во тепсија.
Измијте ги крилцата, посолете ги и наредете ги над компирите, на секое крилце ставете малку маст, полејте со масло и ставете ја тепсијата во рерна на 250 ° С.
Печете додека не поруменат крилцата.
Пријатно.