Новости

Пејачката го снимила местото на несреќата по падот на хеликоптерот на кошаркарот

Актерката, пејачка и моден дизајнер, 39-годишната Џесика Симпсон и нејзиниот сопруг Ерик Џонсон од нивниот дом во Лос Анџелес можеа директно да го видат местото на несреќата на хеликоптерот, каде животот го загубија легендарниот кошаркар Коби Брајант и неговата 13-годишна ќерка. Вознемирената Џесика сподели на својот Инстаграм профил фотографија од небото над ридовите каде што се сруши хеликоптерот.

„Ерик ја направи оваа фотографија од нашиот двор веднаш по несреќата што ги снајде Коби, неговата ќерка и другите убави души да бидат со Бога засекогаш“, напиша пејачката во објавата и додаде: „Видовме хеликоптери за брза помош над нашите куќи и почувствувавме загуба“.

Напиши коментар