Единственото нешто што ви го осветлува животот последниве недели е светлината на фрижидерот?
Дали уживате да грицкате пред ТВ и покрај грижата на совеста што ве грицка паралелно?
А зошто некој не мавне со волшебното стапче и да ја снема целата вина?
Дали постои достојна замена за класичната нездрава храна, која толку добро оди со Нефтликс во доцните часови, без да се здебелиме и предизвикаме грижа на совест? Се разбира.
Следуваат едноставни рецепти за закуски кои не само што не дебелеат, туку и го забрзуваат метаболизмот и брзо заситуваат.
Сладок компир премачкан со маслиново масло
Помфритот е смрт за витката линија, но има уште подобра замена: слатките компири исечете ги на парчиња, напрскајте ги со лажичка маслиново масло, зачинете со сол, додадете малку цимет и печете на 200 степени половина час.
Моцарела со сос
Зачинете ги парчињата моцарела со италијански сос од домати и кромид. Оваа закуска содржи помалку од 100 калории.
Интегрален чипс со салса сос
Салсата е полна со капсаицин, лута состојка на чили пиперките што го забрзува метаболизмот. Една студија открила дека конзумирањето на јадења со чили дневно може да потроши и до 1.000 калории.
Омлет со малку калории
Направете омлет од 4 белки од јајца и една жолчка од јајце што ќе ги измешате со исечени домати и зачините со сол. Оваа вкусна закуска има помалку од 150 калории.
Салата од тофу со чили
Самиот тофу е, признаваме, прилично невкусен, но ако го искомбинирате пржениот тофу со пиперки, зелка, лукчиња, чили и лук, ќе бидете многу пријатно изненадени.
Вкусно, нискокалорично и богато со протеини!