Пролетта е вистинското време да го декорирате и oфарбате просторот за живеење.
Но, малку луѓе во контакт со боја и четки поминуваат без да ја обојат облеката што е тешко да се отстрани.
Сепак, работата е многу полесна ако го повикате на помош – пивото!
Ако не сте сигурни како материјалот ќе реагира во контакт со пивото, прво пробајте го на помал дел од гардеробата.
Експертите велат дека е најдобро да се исуши бојата на ткаенината, а потоа темелно да се истрие.
Ставете малку сапун над дамката, а потоа истурете го пивото. Тријте го пивото врз дамката додека не исчезне.
Повисоката концентрација на алкохол е подобра за отстранување дамки од теписи или ткаенини, додека пивото се препорачува за чистење облека бидејќи е помалку агресивно.