Дестинации

Погледнете го овој прекрасно уреден апартман во една од најстарите куќи во Дубровник

Заобиколен од препознатливите ѕидини долги речиси два километри, Дубровник е еден од најубавите градови на Средоземјето. Токму ѕидините се најголемата атракција за туристите бидејќи прошетката низ нив и прекрасниот поглед на градот, островите и морето прават единствено доживување. Токму тука, на северната страна на ѕидините се наоѓа една од најстарите сочувани куќи во градот која е преуредена во апартман наречен Harmony.

Луксузен стан со шарм на стара камена куќа

Апартманот Harmony е се само не обичен апартман за одмор на хрватското крајбрежје. Се наоѓа во мирен предел на градот, а приватниот балкон дава можност за уживање во единственото доживување на Дубровник.

Куќата го преживеала разорниот земјотрес во 1667 година, па слободно може да се каже дека е најстарата сочувана куќа во градот. Во тие дамнешни времиња во куќата живееле свештеници. Уредувањето на куќата траело речиси две години, но затоа секој детаљ е одбиран внимателно. Во станот се гледа влијанието на boutique hotel стилот. Секоја просторија е разделена со лизгачка дабова врата во нестандардни димензии, со цел да се добие поголем простор. Користени се само најквалитетните материјали, а во секоја просторија има инсталирано и подно греење, така што апартманот е идеален и за престој во зима. Ѕидовите се градени од стар дубровнички камен, рачно миен и пескарен.

Особено внимание е посветено на кујната која може да ги задоволи и најпребирливите гурмани.

Во бањата доминира стариот умивалник, стар преку 200 години кој сопствениците го реставрирале.

Спалната соба е посебен дел со кревет изработен по мерка од греди од смрека нијансирани со сива боја. Дневниот престој го освежуваат слики од семејната колекција на хрватскиот уметник Марин Черин

Луксусзниот апартман уреден со многу љубов го заджал шармот на старата камена куќа и претставува совршено место за одмор во еден од најубавите хрватски градови.

Напиши коментар