Ферари ЛаФерари достигна брзина од 372 км на час на германскиот автопат Автобан.
Ферари ЛаФерари беше првиот хибриден модел на овој светски познат бренд, а своето светско деби го направи во 2013 година.
Забрзувањето на овој модел на Ферари е неверојатно, а во придружниот клип можете да видите како достигнува неверојатни 372 км на час во седмата брзина, секако на празен автопат.
Ферари го заврши производството на Лаферари во 2016 година кога започна производството на Ферари ЛаФерари Аперта.
Погледнете го патувањето на овој автомобил во приложеното видео.