Ако сакате да изгубите килограми, не прескокнувајте го појадокот.
Студиите потврдуваат дека јајцата исто така треба да се најдат на менито.
Студијата објавена во списанието International Journey of Obesity покажа дека јајцата се одличен сојузник за слабеење.
Две групи на лица на диета беа следени во текот на двомесечна студија. Од нив, едната група јадеше две јајца за појадок, а другата група уживаше во печива.
Двете групи консумирале иста количина калории во првиот утрински оброк, но во 65 проценти од случаите жените и мажите кои јаделе јајца изгубиле повеќе килограми.
Покрај тоа, тие рекоа дека имаат повеќе енергија од субјектите кои го започнаа денот со јаглени хидрати и имаа значително намалување на индексот на телесна маса во споредба со нив.
Овие резултати не ги изненадуваат нутриционистите, кои јајцата ги сметаат за одличен извор на протеини кои ефикасно заситуваат и го спречуваат прејадувањето до крајот на денот.
Покрај тоа, тие помагаат во регулирање на добриот холестерол и се богати со витамин Б12 и холин, што овозможува нормално функционирање на сите клетки во организмот.
Треба да се има предвид дека во сто грама јајца има околу 160 калории, но оваа бројка е зголемена како резултат на термичката обработка, т.е. со пржење или печење во путер или масло.
Најдобар начин за диета е да ги сварите јајцата и да ги комбинирате со зеленчук во фина салата.