Cafe Del Mar

Пораката од Мајка Тереза која може да ви го промени животот: како да станете чудесна капка чиста вода

Станете капка чиста вода – пораката од Мајка Тереза која веднаш ќе се всели во секое срце!

Еднаш, еден новинар се обиде да ја испровоцира Мајка Тереза.

„Мајко, сега имаш седумдесет години. Кога ќе умреш, светот ќе изгледа исто како и пред тебе. После толку многу напори, што се смени во светот?“

Без никаква нетрпеливост, таа одговори:

„Знаете, јас никогаш не сакав да го сменам светот. Само се обидов да бидам капка чиста вода во која би можело да се рефлектира Божјата љубов. Дали тоа ви се чини како мала работа?“

Како што честопати се случуваше, во собата завладеа тишина. Никој не се осмели да каже ништо.

Мајка Тереза повторно се обрати до новинарот и рече:

„Зошто и вие не се обидете да бидете капка чиста вода? Тогаш, ќе не има двајца. Дали сте во брак?“

„Да.“

„Кажете ѝ го ова и на сопругата. Тогаш ќе не има тројца. Дали имате деца?“

„Да, три.“

„Раскажете им го тоа и на своите деца. Потоа, ќе има шестмина од нас.“

Треба да размислиме и да се обидеме сите да бидеме капка чиста вода…

Напиши коментар