Мојата кујна

Посен ручек за целото семејство: Скуша во бело вино

Одличен рецепт и брза подготовка.

Совршено едноставен рецепт што ќе ве воодушеви.

Послужете ја со рижото!

Состојки:

4 скуши

лимон

рузмарин

сол

маслиново масло

бело вино

Прелив:

7-8 чешниња лук

магдонос

сок од лимон

маслиново масло

сол

Подготовка:

Исчистете ја рибата, измијте ја, исцадете сок од лимон врз неа, ставете сол и рузмарин.

Наредете ја во обложена и подмачкана тава со фолија и додадете уште малку масло.

Наредете неколку парчиња лимон наврз рибата и покријте ја со фолија. Печете на 200 степени Целзиусови околу десет минути.

Отворете ја фолијата и залејте ја секоја риба со лажица или две бело вино и прелијте ја со маслото од фолијата.

Печете уште 15-20 минути. Проверете дали добиле убава жолта боја.

Направете прелив од горенаведените состојки и истурете го врз рибата, од двете страни.

Пријатно!

Напиши коментар