Дестинации

ПОСЕТЕТЕ ГО СРЦЕТО НА ЕВРОПА НАСРЕД ПУСТИНА

Ако некој ве праша кое е вашето омилено место на нашата планета, дали би можеле да одговорите?

Поточно, дали би можеле да изберете само едно?

Како да се избере Швајцарија наместо Шведска, Венеција или Германија?

Па, ако не сте сигурни што да направите во таа ситуација, предлагаме да го посетите Дубаи, затоа што токму таму се наоѓа градот The Heart of Europe – амбициозен проект заснован на шест острови што ги содржи најдобрите нешта од Европа.

Овој туристички остров вреден пет милијарди долари е дело на групацијата Kleindienst и се наоѓа на пет километри од брегот на Дубаи.

Во мегапроектот може да се сместат до 16.000 туристи, нудејќи најголем луксуз, како и најдобрите културни, гастрономски и гостопримливи искуства на Европа, со помош на низа одморалишта, кафулиња, барови, бутици и центри за забава.

Копното на овој проект сè уште не е завршено, но целиот проект треба да заврши до крајот на оваа година.

The Heart of Europe се состои од деловите Sweden Beach Palaces, Germany Villas, Honeymoon Island, Portofino Hotel i Cote d’Azur Resort.

Секој дел е сочинет од најатрактивните нешта што го чинат тој дел од европа познат.

Уживајте во нашата галерија.

Напиши коментар