Состојки:
250 мл млака вода
40 гр свеж квасец
500 гр брашно
50 гр растителни масти или маргарин
2 лажици шеќер
шеќер во прав
2 кесички шеќер од ванила
Подготовка:
Растопете го квасецот во млака вода со лажичка шеќер и лажичка брашно и оставете го да стаса.
Како што расте, измешајте ги шеќерот и маргаринот, додадете го квасецот, а потоа полека месете со брашното.
Оставете го тестото на топло за да се дуплира, а потоа измешајте, развлечете го на дебелина од 1 см и стискајки со чаша или модла извадете ги крофните.
Оставете ги да отстојат околу половина час за да стасаат, а потоа испржете ги во врело масло.
Спуштете го горниот дел (стасаниот) од крофните прво во маслото.
Покријте ги со шеќер во прав, а може да користите и кристален шеќер.
Ако сакате, со шприц наполнете ги со џем или крем од какао. Пријатно јадење 🙂