Sweet Home

Прекрасните градини на Њујорк – скриени високо над градските улици

Едноставно не знаете која е поубава!

Во големите градови, а особено во оние урбани области со население од неколку милиони, зелените места не се многу просперитетни, така што граѓаните честопати мораат да се погрижат сами да се опкружат со зеленило.

Високо над градските улици на Њујорк, бројните рамни покриви и тераси на зградите и облакодерите се претворија во цветни градини, а станарите во некои делови на градот создадоа вистински мали зелени оази во форма на тревни дворови, уредени тераси и балкони.

Благодарение на фотографот Питер Масини, кој успеа со својата хеликоптерска камера да фати бројни скриени тераси и градини во Њујорк, сега можеме да уживаме во сцени од градскиот живот на височина.

Во случај да имате можност да го посетите Њујорк, веројатно нема да можете да уживате во некоја од овие градини, но затоа не ја пропуштајте можноста да посетите еден од многуте њујоршки барови сместени на покривите на зградите.

Напиши коментар