На социјалната мрежа TikTok се појави видео во кое се објаснува што мора да се направи со краставицата, за да нема горчлив вкус.

Имено, ова видео има повеќе од милион прегледи и над 100 илјади лајкови.

Корисничката на ТикТок, basicallyperkfect, рече дека мора да се пресече едниот крај на краставицата, а потоа тој крај да се трие од остатокот од краставицата. Како што се триеше, од краставицата почна да излегува бела течност, која всушност и дава горчлив вкус на краставицата.

Потоа, краставицата се мие за да се отстрани целата течност од неа. Инаку, краставиците содржат кукурбитацин, што е причина за горчливиот вкус на краевите на овој зеленчук.

Напиши коментар