Бањата е важен простор во станот, особено за жените – и треба да изгледа свежо и „прочистено“, а тоа може да го постигнете многу лесно.
Идеите за украсување на бањата се многубројни, но трендот да се ослободи бањата од вишок работи, барем на видливи места и да се „исчисти“ просторот е императив во последните години.
Неодамна, дизајнерите додадоа малку зеленило на тоа, во природна и вештачка форма – и навистина изгледа освежувачки. Имено, ставањето растенија во бањи стана многу популарно, што има смисла – затоа што растенијата го збогатуваат просторот и му даваат визуелна свежина.
Ако се земе предвид дека бањата е дефинитивно место што треба да зрачи со свежина и чистота, можеме да се согласиме дека растенијата во него се многу добредојдени.
Исто така, покрај растенијата, трендот е вашата бања да изгледа како зелена оаза колку што е можно повеќе, така што во ентериерот започна да се користи позадина со мотиви на зеленило – и тоа големи мотиви, за да изгледаат што е можно пореално. А делови од бањата се покриени со плочки кои се дизајнирани да личат на природата.
Идеите за тоа како и каде да поставите растенија во вашата бања или евентуално да го декорирате едниот агол на бањата со друга ѕидна позадина можете да ги видите во примерите кои издвоивме како најинтересните и „најзелените“ за вас.
Се разбира, ако сте решиле да ја промените комплетната слика на бањата, има идеи и како да ја декорирате, така да изгледа како лична оаза на мирот и зеленилото.
Значи, можеме да заклучиме дека зеленилото во бањата, на еден или друг начин – е дефинитивно хит во дизајнот на ентериер, но и многу пријатна промена во споредба со старите сиви и црни верзии на оваа просторија во станот.
Користиме колачиња на веб страницата за да ја подобриме функционалноста, да ви обезбедиме подобро пребарување и да ги прилагодиме нашите реклами на социјалните медиуми.Се сложувамНе се сложувамПолитика на колачиња