Motherhood

Приказната за четири херои – супермајка родила идентични еднојајчени четворки за време на пандемијата

Интересна приказна и една симпатичнпреслатка фотографија со идентични четворки се рашири брзо низ целиот свет.

Приказната за четирите мали херои родени за време на пандемијата многу брзо се рашири низ целиот свет. Идентичните четворки – Хадсон, Харисон, Хенри и Харди се родени во болницата во Тексас на 15 март.

Откако поминаа 10 недели во единицата за интензивна нега, а потоа и еден месец во единицата за специјална нега, децата пристигнаа дома. Ова е прва бременост на Џери.

Four identical babies who were born during the COVID-19 pandemic are finally home! Hudson, Harrison, Henry and Hardy…

Gepostet von Texas Health am Sonntag, 17. Mai 2020

Бебињата ги роди со царски рез.

Интересен факт е дека Џери и Крис Мар немаат историја на бремени со близнаци во семејството, а сега неочекувано ги имаа своите четири идентични бебиња.

Д-р Лорен Мареј, која работи во оваа болница во Тексас, рече дека има само 72 документирани случаи на спонтани идентични четворки, а таквата приказна е можна само во еден во милион случаи.

Напиши коментар