Сепак, обожавателките на skinny моделите дефинитивно не ги сакаат.
Познатите модни брендови ги објавија своите колекции за пролет/лето 2020.
Изгледа дека и покрај сѐ, фармерките се парче облека што никогаш нема да го исфрлиме од нашата гардероба. Се разбира, со причина.
Ги сакаме и во топлите денови, затоа што можеме да ги носиме во било каква комбинација. Дури и како дел од вечерниот изглед, со добро сако и одличен пар чевли, можеме да изгледаме многу женствено и елегантно.
Колекциите за оваа сезона враќаат еден стар модел, кој од скоро повторно стана актуелен, а едно време не можевме да си замислиме дека повторно ќе го носиме.
Обожавателките на skinny моделите воопшто нема да бидат среќни, затоа што оваа пролет се враќаме на популарните фармерки ѕвонарки!
Верувале или не, тие се појавија кон крајот на 19 век и за прв пат се носеа во 1960-тите. Во тоа време, ги носеа сите поп и рок sвезди, но како што научивме досега – не постојат правила во модата.
Оваа година, ѕвонестите фармерки ќе се носат претежно со лелеави блузи со цветен дезен.
Нивниот крој ќе биде умерен, со мала транзиција од половината надолу.
Одвај чекаме да помине карантинот и да се стабилизира целата ситуација, за да се посветиме на сите модни трендови и сончевите денови!