Толку импресивен е природниот резерват и национален парк Jiuzhaigou, кој се наоѓа во провинцијата Sichuan, во југозападниот дел на Кина, а е именуван за Светско наследство на УНЕСКО и Светски резерват за биосфера.
Опфаќајќи повеќе од 72.000 хектари, тој е познат по својата неверојатна убавина – скалести водопади, планини прекриени со снег, разнобојни есенски лисја – и бележи постојан пораст на посетителите откако беше отворен за јавноста во 1982 година.
Наместо доминацијата на една живописна боја, езерото Five Flower се менува во зависност од временските услови и околината.
Понекогаш е тиркизно, друг пад со боја на жад, длабоко сино, па дури и килибарно.
Поголемиот дел од времето е тиркизно сино, но најдобро време за посета е кога лисјата на околната шума почнуваат да се менуваат и рефлектната површина ги зазема разновидните нијанси на зеленилото.