Мала инспирација не може никому да му наштети.
Ако оваа криза ве затекна неподготвени и неодамна ја префрливте канцеларијата во вашата дневна соба, тогаш веројатно размислувате за вашето работно катче.
Без разлика дали целосно сте го запоставиле или порано не постоело, па сега се снаоѓате со лаптопот во скут седнати на троседот, не штети да се инспирирате и да го уредите по ваш вкус.
Кој знае, можеби сите ние, кога ќе помине оваа ситуација, почесто ќе работиме од дома.
За да се инспирираме за декорирање на ново (или старо и напуштено) работно катче, најдовме инспирација на Инстаграм.
Покрај естетиката, секако, в предвид ја земавме и функционалноста и практичноста.
Ќе треба да го опколите вашето катче со полици и фиоки за сите важни работи, плоча на која ќе ги запишувате сите дневни обврски, доволно голема работна површина, тефтери, папки … И, секако, погрижете се да добивате што е можно повеќе дневна светлина, за да ви го олесни претстојот во домот.
Исто така, опкружете се со растенија затоа што зеленилото има корисен ефект врз нашите животи, нè смирува и развеселува, а не поврзува со природата (иако сме опкружени со четири sида), изберете удобно столче на кое нема да страдате доколку седите премногу долго, декорирајте ја просторијата со интересни украсни предмети, а ѕидовите разиграјте ги со шарена позадина.
Ако ви недостасуваат идеи што да правите дома, украсувањето на домот е една од најдобрите идеи за кои подоцна нема да жалите.