Списанијата и порталите можат да наведат стотици најубави базени во светот. Не се знае кој е поубав, но ако го прашате тимот кој стои зад страницата Swim the World, портои само еден што ќе ви го одземе здивот, и секој пат кога ќе го видите.

Тоа е Bondi Icebergs. Убавината на овој базен е во тоа што не е од затворен тип, туку е отворен за јавноста во текот на целата година.

Повеќе од сто години, овој базен, кој се наоѓа недалеку од познатата австралиска плажа Bondi, маѓепсува со својата нереална убавина. Плажата Bondi се наоѓа во истоименото одморалиште, 7 километри од Сиднеј и се смета за една од најдобрите локации во Австралија. Таа е идеална за сурфање, нуркање и гледање китови. Многу локални жители исто така велат дека станува збор за една од најлибералните плажи во светот.

Иако базенскиот комплекс во моментов е затворен поради пандемијата, неговото отворање се очекува наскоро. Кога повторно ќе се отвори Bondi Icebergs, цената на билетите ќе биде 9 долари за возрасни, додека децата под 12-годишна возраст ќе плаќаат шест долари. Семејниот билет ќе чини 25 долари.

Покрај базенот, посетителите на клубот Bondi Icebergs можат да уживаат во бистро и ресторан, како и сауна, или само да уживаат во коктел во lounge зоната, недалеку од базенот.

Напиши коментар