Накитот не само што е украс, туку и средство за невербална комуникација која за нас зборува повеќе од зборови. Затоа не е сеедно што ставаме на себе.
Што вели прстенот?
Историјата на накитот е стара колку и човештвото. Некогаш луѓето се кителе со светки, пердуви, канџи…Тоа било доказ за моќ. И секако, начин за привлекување на внимание.
Прстенот ја праќа најкомплетната порака за сопственикот бидејќи е “најзборлест”. Обетките ги сакаат друштвени и духовити жени. Алките ќе ги видите кај личностите кои се трудат да не откриваат многу за себе и секогаш зборубаат со дела, додека на зборови се скржави.
Кој сака масивен накит?
Масивниот накит е секогаш избор на екстровертни личности. Тие се смели, самоуверени, комуникативни, жестоки, желни за внимание.
Обетките кои ги бираат се пренагласени, висечки, квадратни или во облик на големи алки. Огрлицата е исто така висечка и секогаш во пакет со некој привезок. Прстенот обично не е само еден и секогаш е масивен. Алката е голема бидејќи така се паѓа во очи на околината и полесно се воспоставува комуникација.
Што носат повлечените?
Повлечените типови сакаат мали обетки или тенко ланче без никакви светкави додатоци. На љубителите на природата им е важна бојата на накитот па одбираат природни тонови. Златните нијанси одговараат на отворени, храбри и искрени личности, додека сребрените за оние кои сакаат рутина и се да биде по правила.
Не е сеедно ниту дали го носите прстенот на лева или на десна страна на раката, бидејќи во првиот случај искажувате креативност за која е одговорна десната страна на мозокот која ја контролира левата рака. Тоа значи дека накитот на десната рака открива дека размислувате логички. А доколки ги китите двете раце, со тоа покажувате дека се обидувате да прикриете некои слаби точки.
Прстен на показалецот претставува самопочитување, а ако е на средниот прст значи дека личноста го почитува системот на вредности. На домалиот прст е врската со бурмата, но доколку личноста не е во брак, на тој начин сака да привлече одреден углед во општеството. Прстенот на малиот прст може да ја унапреди врската.