ШоуБиз

Раперот официјално прогласен за МИЛИЈАРДЕР!

Конечно го забележаа!

Раперот и сопруг на старлетата Ким Кардашијан, Канје Вест, стана официјално милијардер, барем според списанието Форбс.

Груба проценка е дека Кање „тежел“ околу 1,3 милијарди.

Тој има своја линија на патики, а во Америка цената на еден пар е повеќе од 200 долари.

Соработуваше со брендот Најк до 2013 година, потоа со марката Адидас и на крајот започна своја колекција.

Се разбира, ова не е единствениот извор на приходи што го донесе раперот до титулата милијардер, тој исто така поседува голем број на имот.

Магазинот „Форбс“ исто така посочува дека Вест со години вршел притисок врз нив да биде на списокот на најбогатите, но го негираа заради „недостаток на докази“.

Вест е вториот американски рапер по Џеј Зи кој се најде на оваа листа.

Напиши коментар