Веќе некое време ги следите профилите на Инстаграм, а честопати наидувате на фантастични фотографии од станови украсени со тапети?
Но, и покрај тоа што ве привлекуваат, сè уште не можете да се натерате да ги промените вашите sидови со помош на шарени слики или впечатливи дезени.
Се разбира, ова е прилично сериозен проект што не е лесен да се направи туку така, а тапетите може целосно да го променат изгледот на вашиот дом, што можеби звучи малку застрашувачки.
Тоа е промена која е драматична и мислите дека би било вистинска катастрофа доколку не ви се допадне тапетот. Но, не треба да се плашите, денес има толку широк избор на тапети што е невозможно да не ги пронајдете оние во кои ќе се заљубите на прв поглед и тие ќе го направат вашиот дом да заблеска во полн сјај.
Од минималистички дизајни со ситни цвеќиња или дезени, до максималистички дизајни со огромен број бои, модели и мотиви, има огромен избор на пазарот кој ќе го задоволи сечиј вкус.
Исто така, моментално е многу популарно да се украсува позадината на само еден ѕид или дел од него за визуелно да се разграничи просторот, а нов тренд кој се шири преку социјалните мрежи – тапет на таванот.
Ова е многу ефикасен декор за кој ќе ви треба малку помош.
Но, ако сè уште се мислите околу тапетот, дојдовме до неколку одлични примери кои лесно може да ве натераат да кажете „да“.