Еве како да подготвите вкусен десерт без брашно…
Исклучително едноставен рецепт за колачи со само шест состојки – без брашно!
Состојки:
- 170 грама шеќер во прав
- 30 грама какао
- Две белки од јајца (оставете ги да се загреат кратко на собна температура)
- Лажичка и половина екстракт од ванила
- ¼ лажичка сол
- 60 грама темно чоколадо
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 180 степени и покријте ја тепсијата со хартија за печење. Во сад со средна големина, изматете ги заедно какаото и шеќерот во прав.
Додадете белки од јајца, екстракт од ванила и сол, а потоа измешајте сè – смесата ќе биде доста течна и ретка. Потоа додадете го исецканото чоколадо во неа и промешајте.
Ставете ја смесата во тепсијата – не грижете се што смесата е малку течна и колачињата немаат убава и прравилна форма, тие ќе изгледаат подобро кога се печат. Или, ако не ви се допаѓа, можете да ја истурите смесата во помали калапи за мафини.
Печете ги колачите околу 15 минути или додека горниот дел не добие сјај и не почне да пука.
Оставете колачите да се оладат целосно и уживајте во овој одличен десерт!