Мојата кујна

Рецепт за домашен пудинг од јагоди: Еден убав десерт што го сакаат и мали и големи

Ако сте љубител на јагодите, тогаш сигурно со нетрпение сте ја поздравиле нивната сезона.

Ова овошје може да се користи наво најразлични десерти, а еден од нив е вкусен домашен пудинг од јагоди што е брз за подготовка.

Состојки за пудинг од јагоди:

– 500 мл млеко

– 35 грама пченкарен скроб

– 2 лажици шеќер

– 200 грама јагоди

ПОДГОТОВКА:

1. Исчистете ги измијте јагодите, ставете ги во блендер и претворете ги во пире. Ако немате блендер, пресечете ги јагодите на мали парчиња, посипете со дополнителна лажица шеќер и оставете да отстојат 30 минути за да омекнат. Потоа, со вилушка претворете ги во пире.

Не е важно ако ви остануваат помали парчиња, пудингот сепак ќе биде подеднакво вкусен.

2. Во чаша, измешајте го пченкарниот скроб со шеќерот и додадете малку млеко од предвидените 500 мл по потреба за убаво да го измешате скробот и да добиете течност. Варете го остатокот од млекото.

Кога млекото ќе зоврие, намалете го оганот на средна јачина, извадете го садот со млекото на страна и веднаш додадете го скробот во зовриеното млеко и промешајте.

Ќе забележите дека млекото се згуснува. Вратете го на оган и варете го уште 2-3 минути со постојано мешање.

3. Извадете ја добиената крема од оган и истурете ја во пирето од јагоди и добро измешајте сè додека не се соедини.

Сервирајте го пудингот од јагоди во чинии или чаши по ваш избор што претходно биле малку навлажнети со вода и оставете да се излади.

Пријатно!

Напиши коментар