Кога станува збор за плетенки, има многу опции што изгледаат одлично.
Секоја година со пристигнување на потопло време, се појавува фризура која вклучува подигната или барем половина подигната коса за да го олесни животот на високи температури, а која станува хит.
Честопати оваа фризура вклучува некакви плетенки, благодарение на кои е лесно да се постигне еден од оние изгледи кои личат како да не вложивме многу напори, но во исто време изгледаат убаво и романтично, особено кога се комбинираат со прекрасен фустан и плетена торба.
И додека има плетенки што не се лесни за правење, добра вест е дека верзијата што ќе биде популарна во наредниот период е неверојатно лесна.
Тоа е вплетена плетенка, односно плетенка со меурчиња, која вклучува плетење на два дела од косата околу среден прамен.
За тоа колку фризурата е популарна зборува фактот што е најпребаруван термин на Интернет, а ќе ви требаат многу ластичиња за коса за да ја направите, по можност колку што е можно понезабележителни за да се стопат со вашата коса.
Во видеото погледнете ја постапката за правење на оваа фризура.