Голема лажица Нутела се става во чаша и врз неа се истура 1/3 шоља слатка павлака за шлаг и се меша со чаша ладно млеко.
Може да ја декорирате чашата дополнително со Нутела.
Додека повеќето луѓе во текот на изминатите денови ги поминаа дома поради пандемијата од корона вирусот, тие го користеа времето креативно за да пробаат нови рецепти.
Во последно време, толку многу луѓе излегоа на Инстаграм со предизвикот за правење на кремасто кафе Даглон, а Валентина Муси на својот профил објави бескофеинска верзија – со Нутела.
Видеото покажува дека има само уште две состојки во ова „кафе“ со Нутела; слатка павлака за шлаг и млеко.
Погледнете во видеото:
Ставете голема лажица Нутела во чашата и додадете 1/3 шоља слатка павлака за шлаг и измешајте (не со миксер, туку рачно) со чаша ладно млеко.
Можете дополнително да ја декорирате чашата со Нутела или со парчиња друго чоколадо.